Русија ја признава Македонија под уставното име Република Северна Македонија

На 19 февруари 2019 година, Руската амбасада во Скопје добила белешка од Министерството за надворешни работи на Република Македонија со известување за промена на официјалното име на оваа држава во ,,Република Северна Македонија”.

Руската Федерација ја признава оваа земја под новото име “Република Северна Македонија”.

Ова е кусото известување за официјалната политика на Русија во однос на нашата земја и политичките промени што се случија по потпишувањето и ратификацијата на Договорот од Преспа со Грција.