Руските телевизии и се одмаздуваат на Црна Гора заради НАТО

Откако шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров најави дека Црна Гора ги жртвува еконосмките односи со Русија заради влезот во НАТО, на руските државни телевизии започна кампања преку која на туристите и на инвеститорите од оваа земја им се сугерира да не патуваат и да не инвестираат таму.

,,Рускиот бизнис ја напушта Црна Гора, туризмот назадува, Црна Гора нема што да им понуди на руските туристи, Црна Гора плива во криминал, се само некои од пораките во специјализираните емисии кои почнаа секојдневно да се емитуваат.

Во емисиите се наведува дека оваа земја до неодамна била рај за руските инвеститори, но дека сега се почнува да се менува откако Црна Гора се подготвува да стане членка на НАТО, што е причина целата економија и туризам да западнат во тешка депресија.

 

,,Заради зголемениот криминал, дури и Црногорците им советуваат на своите пријатели да не доаѓаат таму. Чистите плажи се реткост, расте русофобијата, минските полиња не се исчистени, се појавуваат инфекции и заразни болести“-се само некои од пораките што се упатуваат преку руските телевизии, со цел одвраќање на Русите од Црна Гора како туристичка дестинација.