Русковска: Заев од Камчев е споменат само како политичар каде го пријавил рекетот

,,Апсолутно станува збор за дезинформација на некои медиуми. Заев е спомнат само во делот кадешто Камчев зборува дека пријавил кај него. Ниту еден друг политичар не е спомнат од Камчев дека знаел за рекетот“, -рече Јавната обвинителка , Вилма Русковска по излегувањето од Советот на јавни обвинители каде даде исказ пред обвинителите кој ќе се користи во одлуката од потребата за разрешување на Катица Јанева.

Русковска потенцираше дека Орце Камчев не може да има копија од неговиот исказ пред обвинител кога го пријавил рекетот.

Како што рече Русковска, записници за сведоци, за лица од кои се бараат потребни известувања, не им се доставуваат. Ниту пак записник од поднесување кривична пријава. Кога ќе заврши истражната постапка, тогаш се дава препис на одбраната и на осомничените, рече таа.