Русковска: Катица Јанева влезе во филм дека е недопирлива

,,Имаше еден филм ,,Чарлиевите ангели“, имаше една госпоѓа Катица Јанева која влезе во тој филм мислејќи дека никој нешто не и може. Но, влезе во мрежата на самонаречената естрадна ѕвезда Бојан Јовановскаи, познат како Боки 13. Обвинителството ќе докаже дека тоа го сторила од алчност и за тоа ќе презентираме несоборливи докази. Со тоа не се посрамоти само себеси и не ја злоупотреби само функцијата Специјален јавен обвинител, туку ја предаде довербата на народот“-рече обвинителката Вилма Русковска, по завршувањето на првото рочиште на судскиот процес за ,,Рекет“.

Таа рече дека очекувала признание од повеќе обвинети , а не само од Зоран Милески.

Демантираше дека лично се познава со Јовановски и дека му има обелоденето некакви информации.