Рускa и италијанскa компаниja сакаат да воведат места за стоење во авионите

Руската нискобуџетска авиокомпанија “Победа” размислува да воведе места за стоење во своите авиони, соопштија од компанијата.

– Размислуваме да ја преуредиме патничката кабина се со цел да се зголеми капацитетот, а и да се продадат што е можно поголем број на евтини карти, информираа од “Победа” чија флота во моментов ја сочинуваат 18 Боинга 737-800, а до крајот на 2019 години се планира бројот на авиони да се зголеми на триесет.

Сличен план да воведе места за стоење има и италијанската компанија “Aviointeriors” . Се планира освен местата за седење да се монтираат и вертикални потпирачи со плитко мало седиште во висина на половината, како и два потпирача за рацета.  Седењето на такви потпирачи е невозможно, а на него патникот може само да се потпре.

Ако се реализира идејата двете авиокомпании тие планираат 20 одсто да им се зголеми бројот на патници.