Ракометната федерација на Македонија ( РФМ ) денеска го објави конкурсот за избор на нов селектор на машката ракометна репрезентација.

Кандидатите кои сакаат да го заменат Раул Гонзалес ќе треба да достават план за работа и секако да ги исполнат условите пропишани во конкурсот.

Според изјавата на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов ќе се бара селектор кој ќе биде комплетно посветен на репрезентацијата што подразбира дека нема да биде тренер на некој клуб и селектор на Македонија.