Сабатини потврди: Михајловиќ останува тренер на Болоња

Синиша Михајловиќ го чека најголемата битка во живтот надвор од фудбалските терени. Тој денеска на вонредна прес конференција потврди дека има леукемија и најави дека ќе направи се што може за да ја победи болеста.

Поддршка за Михајловиќ веднаш искажа директорот на Болоња, Валтер Сабатини додека на социјалните мрежи навивачите со неверување ги коментираа вестите поврзани со здравјето на Михајловиќ.

„Тренерот покажа голема храброст кога закажа прес-конференција за да зборува за својата ситуација. Овде сме да го поддржиме. Овој човеќ секогаш ќе може да смета на Болоња. Ќе биде со нас и ние ќе бидеме со него, што и да се случи. Овој човек е многу силен и ајде јасно да кажеме – Синиша ќе остане тренер на Болоња и ништо нема да се промени.“ – изјави Сабатини.