Салата во СЦ „Јане Сандански“ е распордадена за саботната пресметка меѓу Вардар и Веспрем во Лигата на шампионите.

Вардар минатото коло го победи РНЛ во Германија, предводник на тимот од Унгарија е Давид Дејвис кој работеше кај „црвено-црните“.

Дуелот меѓу Вардар и Веспрем е борба за втората позиција во конкуренцијата А, Вардар има 15 бода на контото , Веспрем еден помалку. Во составот на Веспрем настапуваат Штербик и Манасков, поранешни играчи на Вардар кои секако ги очекува „пекол“ во СЦ „Јане Сандански“.

Средбата Вардар – Веспрем се игра в сабота од 17-30 часот.