Саво Климовски се охрабрил и дошол да расчисти со велепредавниците во Парламентот

Претставувајќи се како поранешен претседател на Собрание на РМ и како шеф на Катедра по уставно право, Саво Климовски денеска дршеже говор на протестите пред Собрание, приклучувајќи им се на протестирачите од ,,За заедничка Македонија“. Тој рече:

-Прво, како професор и шеф на Катедрата по Уставно право, половина од пратениците седат таму и не знам во кого е грешката, во мене или во нив. Верувам дека погрешно ги научиле лекциите. Кога ова го велам, пред се мислам на  предавничкиот чин на дивото месо и на една крајно первертирана теза која  ни се пласира како да сме крајно недоветни. Ние сме општество на мултинационален заеднички живот не само на Македонците и Албанците, кои пак сакаат да се наметнат како конститутивен народ, туку и на Србите, Бошњаците, Ромите, Власите и на сите други. Сега удрија по Уставот, удрија со такво кукавичко јајце кое што е класично измама и мора да расчистиме со тие велепредавници кои сето ова ни го подметнаа и кои сакаат да земат и држава и име и јазикот и знамето и сите обележја. Мислам дека тоа нема да помине и затоа јас сум охрабрен и дојдов тука да го видам овој бескраен ред на луѓе кои толку цивилизирано излегуваат и протестираат. Тоа е таква лекција по демократија што Европа не ја видела, потенцираше Климовски.

Тој побара  пратениците  да им го вратат мандатот на граѓаните и да се распишат нови избори.