Садет ѝ го спаси животот на Јасмина, емотивна средба во болница

Садет успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Само да биде жива Јасмина – била неговата најголема желба. 

,,Неколку денови безуспешно барал информации низ болничките ходиници, а всушност не ѝ го знаел ниту името. Поради тоа, Садет преку медумите побара од мене да му помогнам да ја пронајде. Во Градската општа болница „8 Септември“, Садет со моја помош ја најде Јасмина. 

Бев сведок на емотивен момент на кој што млада девојка се најде лице в лице со човек што ѝ го спасил животот. 
„Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам“ – рече Садет. 
Се надевам дека никогаш повеќе нема да ни се случи ваква трагедија, продолжуваме со битка за секој живот. Ти благодарам Садет на твојата посветеност, ти си вистински херој! “-напиша министерот за здравство, Венко Филипче.