САД бараат Курти целосно да ги укине наметнатите такси за Србија

Специјалнииот пратеник на американскиот претседател во преговорите меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел, изјави дека САД не поддржуваат делумно укинување на наметнатите такси кон Србија од страна на Косово.

Претходно вчера, косовскиот премиер, Албин Курти, најави дека од 15 март ќе се укинат делумно таксите и тоа ќе се зголемува во зависност од однесувањето на Србија.

Тоа не е став на Вашингтон, изјави Гренел.

,,Не ја поддржуваме делумната мерка што ја најави премиерот Курти. Нашата позиција е јасна: таксите мораат да бидат укинати во целост. Господинот Курти прави голема грешка и тоа му е кажано и на претседателот Хашим Тачи денеска во Белата куќа“- напиша Гренел на Твитер.

Косовскиот претседател, Хашим Тачи е во посета на САД и тој прави обид кај американски функционери да влијае на нивното барање за укинување на таксите кон Србија.

Тачи, но и сите други косовски функционери кои од вчера дадоа изјави поради најавата на Курти за делумно укинување на таксите за Србија, го нарекоа предавник и гробар на косовската иднина.