Администрацијата на Соединети Американски Држави воведе санкции за Претседателот на Република Српска Милорад Додик. Тоа значи дека нему му е забрането патување во Америка, ќе му бидат замрзнати сите сметки во оваа земја доколку ги има , а истото важи и за земјите кои ќе се придржуваат кон американските санкции.

Неодамна, Додик не доби виза да отпатува на инаугурацијата на Доналд Трамп која ќе се случи во петок, иако тој од еден од советниците на Трамп доби покана.

Санкциите следуваат по неодамнешната прослава на Ден на Република Српска, нов празник воведен годинава, кој Уставниот суд на Би Х го прогласи за неуставен. Западните земји сметаат дека Додик со ова прави пат за отцепување на РС од Б и Х.