САД ги предупреди своите грѓани за можни терористички напади во Европа

Американскиот Стејт Департмент ги предупреди своите граѓани кои патуваат во земјите од Европа или веќе се наоѓаат таму дека претстојниот викенд се можни терористички напади од страна на припадници на ИСИЛ.

Истото предупредување важи и за Божикните и Новогодишните празници, па затоа им укажуваат да не се задржуваат премногу на јавни места каде има или се собира повеќе народ.

СД укажува дека наводно, поседува веродостојни информации дека Исламската држава на Ирак и Левант, но и Ал Каида и нивни соработници планираат терористички напади токму во текот на претстојните празници.

Стејт Департментот редовно ги повикува своите државјани на внимание, но никогаш не посочува за каде се однесуваат тие сомнежи или ретко препорачува да не се патува или престојува во некоја држава.