САД ги суспендираа разговорите со Русија

Америка ги суспендираше билатералните разговори со Русија за Сирија, чија цел беше оживувањето на прекинот на борбите во Халеп и околината и воспоставување на заедничка воена група за пресметка со ИСИЛ.

Портпаролот на State Departement Џон Кирби изјави дека оваа одлука не била донесена лесно, но била неминовна заради, како што рече, интензивирањето на бомбардирањето на делови во Халеп каде што живеат цивили.

Претходно и рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров изјави дека мировните преговоро со САД за Сирија се во состојба на суспензија, бидејќи е нејасно како Америка се однесува кон опозицијата во Сирија која не го признава тој договор.

Бомбардирањето на комбинираните руско-сириски воздушни сили продолжува, а хуманитарците предводени од ООН предупредуваат дека во вториот град по големина во Сирија , владее таква хуманитарна катастрофа, што не е видено досега во сите пет години граѓанска војна.