Портпаролката на амбасадата на САД во Косово Мишел Шон, за косовските медиуми изјави дека официјален Вашингтон го почитува правото на Косово да се грижи за својата граница.

Со ова таа го поддржа дејствувањето на косовските институции и испраќањето специјални сили на преминот Јариње за да го сопрат возот кој од Белград тргна кон Косовска Митровица.

„САД го признаа Косово како независна и суверена држава во 2008 година и ние го почитуваме правото на Косово да одлучува кој и што минува преку неговата граница“, изјави портпаролката на американската амбасада во Приштина за весникот ,, Коха диторе,, .

На овој начин , коментираат српските медиуми пренесувајќи ја оваа изјава, Америка јасно стави до знаење дека го поддржува дејствувањето на косовските медиуми спречувајќи влез на политички и црковно обоениот руски воз со српски патници во Косовска Митровица.

САД исто така го поддржува дијалогот Белград-Приштина со посредство на Брисел.