САД го поздравуваат и поддржуваат ,,историскиот договор за решавање на спорот за името“

САД им честитаат на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и го поздравува историскиот договор за решавање на спорот за името. Оваа резолуција ќе биде од корист за двете земји и ќе ја зајакне регионалната безбедност и просперитет. Премиерите Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност во нивната потрага по взаемно прифатливо решение. Ние, исто така, ја поздравуваме посветеноста на посредникот на ОН, Метју Нимиц, за неговите цврсти напори во текот на повеќе од две децении да се стави крај на овој спор.

Ние сме подготвени да го поддржиме овој договор, како што бараа двете земји, се вели во реакцијата на САД.

Поддршка и задоволство од постигнатиот договор, ште вчера, изразија, ЕУ, НАТО, соседните Бугарија и Албанија.