САД го предупредија Еди Рама да внимава што зборува

Радикализираниот албански Премиер Еди Рама, доби предупредување од САД за неговото однесување и провокации последните месеци со воскреснување на идејата за Голема Албанија.

Амбасадорите во Белград, Приштина и во Тирана, Кајл Скот, Доналд Лу и Грег Делави упатија синхронизирани пораки до Рама, Хашим Тачи, претседател на Косово и до  Јонуз Муслиу, лидер на Албанците во Јужна Србија, дека нивните изјави не придонесуваат за стабилноста на регионот и да внимаваат што зборуваат.

Имено, првин Еди Рама најави соединување на Албанија и Косово доколку ЕУ не го забрза приемот на Албанија, а потоа и Тачи и Муслиу се приклучија на оваа идеја, по што имаше жестоки реакции од официјален Белград, но отсуство на реакција на ЕУ.

Реакцијата пристигна од САД , која преку своите амбасадори порача дека границите на Балканот се неменливи, и никој нема право да го доведува во прашање територијалниот интегритет и суверенитет на земјите од регионот. Американскиот амбасадор во Тирана го предупреди Рама дека со неговите изјави ризикува да ги поткопа евроинтеграциите на Албанија.

Некогаш модерниот и проевропски политичар Еди Рама, кој во времето кога беше градоначалник на Тирана беше омилен кај западните лидери, сега се претвори во еден од најконзервативните и националистички лидери на Балканот, кој во континуитет искажува тенденциозни и провокативни намери за мешање во внатрешните работи на соседите.