САД загрижени поради апсењето на курдските лидери

„Официјален Вашингтон изразува длабока загриженост поради апсењето на опозициските курдски лидери во рамки на истрага за тероризам во Турција“, соопшти портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

Ова се случува , како што се чини,по  засилување на притисокот врз опозициските медиуми во Турција, додава Ернст.

Курдската екстремистичка организација Работничка партија на Курдистан (ПКК)  најави дека ќе ја интензивира борбата против Турција, по приведувањето на деветтемина турски пратеници од редовите на прокурдската Народна демократска партија (НДП).

Пратениците од оваа партија утринава се приведени и задржани во притвор откако одбиле да сведочат за злосторства поврзани со терористичка пропаганда, а Турција ја обвинува НДП за поврзаност со ПКК.