САД и НАТО против формирање војска на Косово

Реакциите на САД и на НАТО , кои се противат на формирање косовска војска и кои официјално го предупредија Косово да не се обидува со менување на закони да дојде до таа цел, е голем дипломатски успех за Србија, изјави за РТС директорот на Канцеларијата за К и М Марко Ѓуриќ. Генералниот секретар на НАТО јасно стави до знаење дека место тоа, Приштина треба да го продолжи дијалогот со Белград. Од Белград стигнува пораката-нема формирање војска на Косово-рече Ѓуриќ.

По најавата на косовскиот Претседател Хашим Тачи дека доставил предлог- закон до Парламентот  преку кој безбедносните сили ќе се трансформираат во армија меѓународната заедница реагираше дека тоа нема да биде легитимно, бидејќи за косовска армија е потребна измена за Уставот за што нема согласност од српската заедница и без чие гласање не може тоа да се случи.