САД нема да ја менува политиката кон Македонија

Поддршката на САД кон Македонија останува иста и нема да се промени, изјави утрово американскиот амбасадор Џес Бејли , кој вчера од Скопје гласал за изборите во САД .

Промените нема да се случат веднаш од 8 до 9 ноември, ниту пак нашите партнерства ќе се променат. Промените ќе бидат во рамките на САД-рече Бејли пред присутните гости кои рано утрото дојдоа на појадокот организиран од Американската амбасада по повод претседателските избори.

– Иднината е слична на луѓето во Македонија и на луѓето во САД, сите сакаме мир и просперитет во светот и решавање на проблемите кои сите ги имаме. Ќе се согласиме дека целите ни се исти. Сега следува период кога треба да седнеме во рамките на Конгресот и Сенатот да најдеме решение. Мојот тим ќе се врати назад во амбадасата да продолжи со градење добри врски помеѓу САД и Македонија – рече тој и додаде дека 15 години служел за републиканците, а 16 години за демократите и при тоа може да посведочи за предизвиците со кои се соочувал.

– Ги поздравувам моите граѓани кои покажаа како треба да функционира демократско општество. Иако се уште очекуваме резултати ќе треба да го прославиме она што го имаме – додаде Бејли, кој нагласи дека изборниот ден е ден за славење.

Претходно, тој истакна дека може „да признаеме, но не секогаш да ги прифатиме различните ставови“.