САД побараа од Косово веднаш да гу укине таксите и се заканија со санкции

Советот за национална безбедност на САД и Стејт Департментот усвоија документ со осум точки во кој стои дека Владата на Соединетите Американски Држави од Владата во Приштина бара веднаш да ги укине стопроцентните такси кон Србија и Босна и Херцеговина, во спротивно Косово ќе се соочи со санкции.

Како што пренесува ТВ Клан , во изненадувачкиот документ од Америка стои дека Косово може да се соочи со редуцирана подддршка на безбедносните сили и со други санкции.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај веќе одговорил дека укинувањето на стопроцентните такси ќе се случи откако Белград и Приштина ќе се признаат взаемно со меѓународни гаранции.

Според истата телевизија, документот во пишана форма им е доставен на политичките лидеро во Приштина, на Владата и на Претседателот.

САД не може веќе да толерираат поткопување на дијалогот меѓу Приштина и Белград, се вели во документот. 

Патем, извори од американската влада брифираат дека косовските власти одлуката за стопроцентните такси ја донеле без консултација со САД.