САД: Убил 5 луѓе во зградата во која работел(видео)

45 годишниот Гери Мартин, вработен во една зграда во индустриски комплекс во Илиноис, отворил оган и неконтролирано пукал, убивајќи пет цивили . Тој ранил исто толку полицајци.

По кратко време напаѓачот е убиен во акција на полицијата.

Инцидентот се случил во градот Аурора во дражавата Илиноис.

Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп, иако за викендот ќе патува во неговата куќа во Палм Бич, ја следи ситуацијата и постојано е во тек со случувањата.