САД ја одобрија вакцината на Фајзер/Бајонтек против Ковид 19

Во Соединетите Американски Држави првите вакцинирања против Ковид 19 ќе почнат за неколку дена, откако Биото за лекови на оваа земја ја одобри употребата на вакцината на компаниите Фајзер/Бајонтек(Pfizer/BioNTech).

Во Америка досега од корона вирусот починаа 295.000 луѓе, а милиони се заразени.

Вакцината ќе може да се дава на луѓе од 16 години па нагоре.

Приоритет имаат ризичните групи, здравствени работници, војска, полиција и повозрасната популација.

Досега оваа вакцина е одобрена во Велика Британија, Мексико и Бахреин.

Нејзината ефикасност е 95 проценти.