САД ја повикаа Русија да стави крај на ,,окупацијата на Крим“

Државниот секретар на САД, Марк Помпео, го реафирмираше ставот на неговата земја во однос на полуостровот Крим.

,, Денес, повторно потврдуваме дека Крим е Украина. Соединетите држави нема да ги признаат тврдењата на Русија за суверенитет над полуостровот. Ја повикуваме Русија да стави крај на окупацијата на Крим“-стои во писмото на Помпео објавено на официјалната страница на Стејт Департмент.

Писмото на државниот секретар Помпео во врска со ставот на САД за Крим

СД направи и видео по повод 6 годишнината од преземањето на Крим од страна на Москва.

Украинскиот претседател, Зеленски објави дека Украина работи на враќање на Крим под нивна јурисдикција.