Самит на НАТО: Столтенберг смета дека е добро што присуствува американскиот претседател

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, се сретна со претседателот на САД, Доналд Трамп , пред официјалниот почеток на Самитот на НАТО  (11 јули 2018 година). Тие разговараа за агендата на самитот, вклучително и подигнување на подготвеноста, засилување на борбата против тероризмот и фер размена на товарот на одговорност. Столтенберг рече:

,,Прво, одлично е да се видам повторно со Вас, г-дине Претседателе, и добро е што сте тука за Самитот.

И на Самитот ќе разговараме за многу важни прашања, меѓу кои и за одбраната. И сите се согласуваме дека треба да сториме повеќе, јас се согласувам со Вас дека мора да се осигураме дека нашите сојузници ќе инвестираат повеќе. Добрата вест е дека Сојузниците веќе почнаа да инвестираат повеќе во одбрана. По неколкугодишно намалување на буџетите за одбрана почнаа да додаваат милијарди во одбранбените буџети. Минатата година беше најголемото зголемување на трошоците за одбрана во Европа и Канада .

Исто така, тоа е и  поради вашето лидерство,  Вашата порака има влијание и ние ќе се погрижиме да продолжиме да ги зголемуваме нашите ресурси. Вие минатата година приговоривте, а  сите сојузници се оврзаа дека ќе развијат национални планови за тоа како да потрошат повеќе за одбраната, а врз основа на овие национални планови сега проценуваме дека европските сојузници и Канада ќе додадат 266 милијарди екстра американски долари за одбрана од сега до 2024 година. Тоа ни помага и ние се движиме во вистинската насока, но сепак треба да сториме повеќе и тоа е она што ќе го разгледаме на Самитот подоцна денес. Дозволете ми да додадам и дека силното НАТО е добро за Европа, но исто така е добро за САД.

Военото присуство на САД во Европа помага да се заштити Европа, но, исто така, им помага на Соединетите Држави да ја проектираат моќта на Средниот Исток, во Африка и мислам дека и моќта, военото влијание на Европа, економската моќ и политичкото влијание е корисно и за Русија.

Со нетрпение очекуваме да се сретнете со претседателот Путин и мислам дека лидерите, исто така, се радуваат на вашите размислувања за средбата со претседателот Путин“-изјави Столтенберг на средбата со Трамп.