Самка Ибраимовски и ПЦЕР се оградуваат од ,,апсурдната одлука“ на премиерот за коалицирање со Амди Бајрам

Претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски не се согласува со одлуката да седи во иста коалиција со Амди Бајрам:

,,ПЦЕР е сериозна партија и 10 години е лојален кон СДСМ и од осамостојувањето до денес, 25 години е во коалиција со СДСМ. Во 2011 година на парламентарните избори, партијата на Амди Бајрам со неговото членство на денот на молкот физички го нападна нашиот лидер Самка Ибраимоски и при тоа му нанесоа тешки телесни повреди. Два дена пред молкот донесоа 200 полицајци пред штабот на ПЦЕР во Шуто Оризари, зашто наводно СДСМ и ПЦЕР делеле расипано месо. Во 2011 година на самиот изборен ден беше приведен во полиција шефот на штабот на ПЦЕР, на изборите во 2014 година беше нападнат штабот на ПЦЕР во Шуто Оризари и не дозволуваа да се отвори со закани на сопственикот на локалот дека ќе биде лишен од слобода. На сегашниот министер за имплементација на стратегија на Ромите Аксел Ахмедоски, кој конкурираше за судија за време на нивното владеење од нивниот тогашен заменик министер за труд и социјала му беше кажано дека само под еден услов може да стане судија – ако премине во нивната партија“, се наведува во соопштението на ПЦЕР.

ПЦЕР сака да ги инфомрмира сите Роми и другите граѓани на Македонија, дека ПЦЕР ниту е прашан за ова пристапување на Сојузот на Ромите, ниту се согласува за нивно влегување во коалицијата.

„ПЦЕР останува верен на својот коалициски партнер СДСМ, но злоделата на Сојузот на Ромите, не се забораваат. Да се борите против партија која правела малверзации и човек кој е со криминално досие и да го земете во коалиција за нас како партија е апсурд“, се вели во соопштението на ПЦЕР.