Самоорганизирани вооружени групи ловат мигранти на словенечка граница

Словенечко ДЕЛО, објави фотографии и репортажа од камп на триесетина вооружени мажи, кои се самоорганизирале да спречат илегален влез на мигранти во Словенија.

Репортажата ја крена на нозе словенечката политичка и општествена јавност.

Генералната директорка на словенечката полиција порача дека ова е недопустливо.

Самоорганизираните мажи, некои од нив воени ветерани или маргинални политичари со десничарска ориентација, изјавиле дека биле приморани на ваков чекор за да го заштитат населението и нивниот имот.

Лидер на организацијата Штаерска стража е Андреј Шишко, кој собрал 45 приврзаници за да спречат да се случи германското сценарио на планот на илегалната миграција.

Долж словенечката граница со Хрватска и Австраија која е оградена со бодликава жица, патролираат и невооружени локални жители, кои не дозволуваат премин на мигранти на нивните имоти.

Фото: Дело