,,Самопортретирање: Јас сум Ван Гог, ама увото ќе му го откинеме на Заев!?“

Самопортретирање: Јас сум Ван Гог, ама увото ќе му го откинеме на Заев!?-пишува новинарот Веле Митановски на својот ФБ профил и додава:

“Стравот на криминогеното раководство на СДСМ дека ќе треба да издржува казна затвор доколку не формира влада, го тера да прифаќа секакви максималистички барања на штета на државата. Затоа Зоран Заев ја прифати платформата од Тирана и презеде обврска да ја реализира на штета на државата“, се вели во соопштението, од ЦК на ВМРО ДПМНЕ!!!-стои на ФБ профилот на Митановски.

Имено , во секое соопштение што го испраќа ВМРО ДПМНЕ се потенцира  ,,криминалната СДСМ и нејзиното раководство нема да се спасат од правдата“, ,,аболицираниот криминалец Зоран Заев“, па дури почнаа да го користат и слоганот на Шарените-ЌЕ СИ ЛЕЖИТЕ(оригинално ЧЕ си лежите).Всушност, сето она што ним им се става на товар, го префрлаат на контото на нивниот противник, правејќи замена на тези.

Сведоци сме дека и на протестите што се одвиваат под покровителство на ВМРО ДПМНЕ, што го потврдија и со денешното соопштение во реченицата ,,ВМРО-ДПМНЕ мора да остане со народот и да продолжи да ги брани државните и национални интереси по секоја цена“-се користат истите пароли од Шарена револуција.

Познате пропагандистичкиот стил на оваа партија, за се што тие се одговорни, осомничени или виновни, да го префрлат на спротивната страна и бесконечно да го повторуваат во стилот ,,држете го крадецот“, е нивна континуирана полiтика, но добива на интензитет секогаш кога се наоѓаат во тесно.

АКО.мк