Самоубиствени напади и бомби врз ирачката војска

Ирачките и курдските воени сили се доближуваат до вториот по големина ирачки град Мосул, кој од 2014 година е во рацете на Исламска држава. По долги подготовки,започна големата офанзива за нивно уништување и протерување.

Меѓутоа, долгите колони со возила и камиони полни со војници на патот наидуваат на оставени бомби, а неколку бомбаши самоубијци извршија бомбашки напади.

Курдските сили попат ослободиле неколку помали села, главно напуштени од цивили.

Од друга страна, исламистите ги зазеле стратешките точки во Мосул, очекувајќи ја офанзивата на ирачката војска.

Хуманитарните организации предупредуваат дека е можен нов голем бран бегалци.

ОН предупреди дека заради борбите, можен е прилив на 200 илјади бегалци во најблиските кампови кои може да примат најмногу 100 илјади, но и дека исламистите може да ги користат цивилите како жив штит.

Офанзивата во Мосул е наголема и најсложена операција од повлекувањето на американската војска во 2011 година.

AP