Само 21 процент од избирачите во Албанија гласаа на локалните избори

Бојкотот на опозицијата на локалните избори во Албанија успеа.

Според последните резултати од излезноста на локалните избори во Албанија кои се одржаа вчера, 21.6% од вкупниот број избирачи излегоа на гласачките места.

Овој мал одзив е последица на повикот на опозицијата да се бојотираат локалните избори, нао и на политичката криза во Албанија.

На изборите гласале 771.863 лица, што претставува 21.6%“, соопштија од државната изборна комисија на Албанија. Официјалните резултати од изборите би требало да бидат соопштение во текот на денешниот ден.

Лидерот на опозицијата Љуљзим Баша по затворањето на гласачките места пред приврзаниците изјави дека тоа било изборна пародија и побара Еди Рама веднаш да замине од премиерската функција.

Рама пак изјави дека изборниот ден бил мирен и дека локалните избори успеале.