Вардар е на чекор од пласман на Ф4 во Келн, победата од осум голови разлика му носи супер поволна позиција на македонскиот шампион пред реваншот кај ПИК Сегед.

Сергеј Самсоненко кој го создаде и изгради овој Вардар, неодамна објави дека се повлекува од клубот чија судбина е неизвесна.

Самсоненко вчера не беше во салата каде вообичаено од ложата ги следи натпреварите на ракометниот шампион на Македонија, немал сили и срце, велат, да го гледа во живо последниот „танц“ на „неговиот“ Вардар.