Традиционално, поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков присуствуваше на Ромскиот бал кој го организира Амди Бајрам преку неговата партија  Сојуз на Роми.

 Тој и  изминатите години беше еден од почесните гости, а на Ромскиот бал порано присуствуваше и Јавниот обвинител Марко Зврлевски. Последните фотографии од Ромскиот бал 2017 , што ги добивме посредно , се направени за време на живото емитување на целата манифестација, но сега на снимката го нема најважниот дел од манифестацијата, прогласувањето на Ромска убавица, веројатно заради присуството на Сашо Мијалков на овој дел од прославата. Тој барал дискреција, кога ја прифатил поканата од Амди Бајрам.

АКО.мк