СБ на ОН побара Косово да ги укине 100 процентните такси, Харадинај не попушта

Советот за безбедност на Обединети нации, на специјаланата седница посветена на Косово, побара Приштина веднаш да ги укине 100 процентните такси на производите од Босна и Херцеговина и Србија, но Харадинај изјави дека тој добил поддршка од својата партија таксите да останат на сила.

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ излезе задоволен по седницата на Советот за безбедност на ОН во Њујорк и рече дека ова е една од напозитивните седница одржана за Косово и Метохија.

Дачиќ рече дека сите постојани членки на Советот ги осудиле постапките на раководството на Косово и побарале таксите веднаш да бидат суспендирани.

,,Радува тоа што не само земјите кои не го признаваат Косово како независна држава, Индонезија, Кина и други, туку и оние што го признаваат САД, Германија…побараа од Приштина таксите да се укинат“-рече Дачиќ.

Од 21 ноември минатата година Косово воведе 100 процентни такси за Белград и Сараево. Услов за нивно укинувње е меѓусебното признавање со Белград.