,,Сваровски судијка” , СЈО и ексначалник на петта управа

 

 

Судот  побара Специјалното јавно обвинителство да обезбеди дозвола од Управата за безбедност и контраразузнавање за декласифицирање на класифицираните докази во случајот со уништување на службената документација  за предметот „Тврдина“.

Предметот против поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујовски го застапуваат специјалните обвинители Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов, кои  реагираа на ваквата одлука на судијката .

Ристоска потсети дека не е првпат судот во постапка да користи класифицирани податоци, како што беше случај и за предметот „Пуч“ . Праша зошто тоа досега не било проблем и зошто судот воспоставува селективен пристап токму за овој случај. Судијката Лидија  Петровска одговори дека нема да дозволи судот да биде неовластен објавувач на информации со назнака државна тајна.

СЈО од април чека ваков одговор од УБК, но досега не е добиен, што наведува на претпоставка дека судечкиот судија можеби намерно го одолговлекува, посебно ако се има предвид дека таа беше предмет на разговор меѓу Мијалков и друга млада судијак аво прислушуваните разговори.

.
Адвокатот на ексначалникот на Петтата управа на МВР Горан Грујовски на денешното прво рочиште по обвинението на СЈО против него и други шестмина вработени во УБК кои  противзаконски запалиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесувале на незаконското прислушување, побара од судијката Лидија Петровска да ги одбие сите докази со назнака класифицирано.

Наредното рочиште судот го закажа за  17 јануари, кое  ќе биде подготвително, а дури потоа ќе се закаже главното рочиште.