Светиот крст во Охрид по четврти пат го фати Петар Рупески

Меѓу стотината верници кои утрово се фрлаа по Светиот крст во осветените води на Охридското Езеро, повторно најсреќен беше Петар Рупески од Варош, кој годинава по четврти пат успеа прв да доплива до крстот-ионформира Ohridnews.

 

 

Настанот за одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и годинава го следеа неколку илјади граѓани. Како што беше најавено, среќниот фаќач на крстот од страна на црквата на подарок добива крст, а од локалната самоуправа икона.

Манифестацијата Богојавление-Водици е во организација на Дебарско- кичевската епархија во соработка со локалната самоуправа, а со поддршка на јавните претпријатија, Црвен крст, нуркачкиот центар „Амфора“, како и фаќачите на светиот крст од минатите години.

Izvor-Ohridnews