Светот ја испраќа тешката и опасна 2016 година

Светот го живее последниот ден од 2016 година која по многу нешта не беше ниту лесна, ниту убава, а уште помалку безбедна.  Жителите на планетата Земја се соочија со бројни предизвици и трагедии, но човечки е секогаш лошото да се остава зад нас и да се пожелуваат само добри работи за следната година.

Иако светските метрополи годинава ја дочекуваат будни и со зголемени безбедносни мерки, не се откажуваат од традиционалните Новогодишни славења на плоштадите и други отворени и масовно посетени локации.

Њујорк се подготвува за најмасовниот новогодишен собир на Тајмс Сквер, но со огромни мерки на безбедност, илјадници полицајци и униформирани и во цивилка ќе се грижат за безбедноста на њујорчани и туристите.

Од славењето на отворено не се откажуваат ниту метрополите во Европа и покрај ризиците  од можни терористички напади. И таму безбедноста е подигната на највисоко ниво.

На Балканот, во соседството во Србија сепак ќе се слави на плоштадите и покрај малубројното популистичко откажување на новогодишните прослави во неколку градови.

Во Белград пред Народното Собрание белграѓани и посетителите ќе ги забавуваат Бајага и инструктори, Плави оркестар, Здравко Чолиќ ќе пее во Нови Сад, Бијело Дугме во Нови Сад, а во Чачак ќе пее Лепа Брена.

Во Скопје општина Центар организира Новогодишна прослава со хуманитарен карактер насловена како ,,Подај рака,,.

 

Општината собира донации за околу 100 дечиња од социјално загрозените семејства кои живеат на територија на општината. Акција е во склоп на новогодишната прослава која е од хуманитарен карактер. Артистите кои настапуваат на Сквер Јадран за Нова Година, „САФ“, „Јура Стублиќ и Филм“ и „Забрањено пушење“, веќе донираа дел од своите хонорари во висина од 600.000 денари.

Од утре, на повеќе пунктови низ центарот на градот, и граѓаните ќе може да донираат средства на посебно обележани штандови и да се информираат подетално околу тоа како и каде ќе бидат наменети  средствата.

Општина Ценатр  ги повикува  граѓаните да се вклучат и да ја покажат на дело својата хуманост.  Парите кои ќе се соберат со оваа акција се наменети токму за децата од социјлано загрозените семејства.

Во моментот се завршува процедурата за отварање на сметка за донации, на која од 1 јануари ќе може да донираат граѓаните и компаниите. Во тој контекст, Советот на својата завчерашна седница едногласно ја изгласа одлуката за отворање на донаторска сметка-информираа од општината.

Во следните денови, донациите ќе можат да се дадат на пунктовите кои беа  поставени  од 12:00 до 17:00 часот на 30 декември (петок)  и од 12:00 до 16:00 часот на 31 декември (сабота) во центарот на градот.

Граѓаните ќе може да донираат и на самата прослава на Сквер Јадран, која започнува од  22: 00 часот за Нова Година.

Акцијата официјално ќе трае до 16 јануари, кога ќе биде објавено колку средства се собрани и ќе започне нивната распределба.

Инаку, според информациите од туристичките агенции, распродадени се сите организирани прослави на Новата година надвор од нашата земја.
АКО.мк актуелно-објективно