Светска лига: Хрватска ја чека пекол во Белград пред 10.000 навивачи

Србија  и Хрватска поладнево во 16-45 часот се среќаваат во финалето на Светската лига во ватерполо. Ова е вистинска класика , двете селекции играа во групната фаза  и победи Србија со 11-10.

Сега, во финалето со победа се обезбедува настап на Олимписките игри во Токио 2020 година. Двете селекции добро се познаваат, ривалството е огромно, мотивацијата уште поголема, базенот „Ташмајдан“ ќе биде исполнет до последно место, околу 10.000 навивачи ќе ја бодрат Србија која е најтрофејна земја во Светската лига со 9 титули, Хрватска ја посакува втората, единствената ја освои во 2012 година  кога во финалето запиша победа над Шпанија.