Светскиот телевизиски сервис ,,Euronews“ доаѓа во Србија

Информативниот медиум ,,Јуроњуз“ наскоро во Србија отвора своја телевизија и вебсајт во партнерство со ,,HD WIN” , момпанија која му припаѓа на Телеком-Србија.

Ова официјално го потврди директорот на светскиот медиумски сервис во разговор за ,,Блиц“, Мајкл Питерс.

,,Покренуваме Јуроњуз Србија, тоа ќе биде нов тв канал со вести и информативна програма и нов онлајн медиум и тоа многу наскоро. Ќе има вести од локален и меѓународен карактер. Така што тоа ќе биде еден ,,глокален“ медиум (глокален е збор од глобален и локален)“ изјави за Блиц, Питерс.

Во Србија свои телевизии веќе имаат Алџезира и СНН.

Директорот на Јуроњуз беше дел од многубројната бизнис делегација која допатува со францускиот претседател, Емануел Макрон.