Светските лидери со внимание ја следеа битката на француските пожарникари со пожарот во светското културно наследство, катедралата Нотр Дам во Париз.

Пораките со поддршка пристигнаа уште во првите моменти од трагедијата.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, рече дека се чувствува тажно и дека светот губи дел од големото историско наследство. Тој потенцираше дека Нотр Дам му припаѓа на целото човештво и дека затоа нејзината обнова е должност на светот, не само на Франција.

И првиот човек на ЕУ, Доналд Туск , изјави дека сите сочувствуваат со францускиот народ, кој тешко и емотивно реагираше по пожарот во катедралата.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, уште вчера испрати пораки со поддршка до францускиот претседател

Германската канцеларка, Ангела Меркел рече дека мислите на нејзиниот народ се со мислите на францускиот народ.

Ватикан е во шок по големата трагедија.

Нотр Дам пред пожарот