Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, буквално беше изнесен на раце од британската полиција по 7 години егзил во еквадорската амбасада.

Официјален Лондон соопшти дека никој не е над законот и дека секој мора да одговара за своите дела. Најверојатно сега повторно ќе бидат обновени судските процеси против Асанж, а ваква можност најавија и жените кои претходно го обвинија за силување.

Светските сили се огласија по апсењето на основачот на Викиликс и побараа негова екстрадиција за да му се суди таму.

Шведска размислува повторно да ги покрене обвиненијата против него, а Русија коментира дека е ова лош ден за светската демократија.

Потсетување за тоа кој е Џулијан Асанж .