Светски Македонски Конгрес на Тодор Петров организира заедничко гледање на телевизија на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп. Дружењето е закажано во Музејот на ВМРО, а на ФБ Мане Јаковлевски, еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ и сега поддржувач на Груевски ги повикува симпатизерите и членови на партијата да дојадат да го прослават официјалното стапување на должност Претседател на САД на нивниот миленик Доналд Трамп.

Уште за време на изборите функционери на ВМРО ДПМНЕ го поддржуваа Доналд Трамп, а потоа и нескриено се радуваа откако победи. Тие гледаат спасител во него со оглед на тоа што Трамп и Сорос се на две спротиставени страни.

АКО.мк