Сите му честитаат на дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски од Охрид , кој вчера за 9 часа и 15 минути го преплива Охридско Езеро.

Честитки пристигнуваат од сите страни , социјалните мрежи вријат. ,,Светско, а наше“, ,,Браво Марко“, ,,Има надеж“, се само некои од многубројните коментари. Корисниците ги споделуваат вестите што зборуваат за неговиот подвиг, му честитаат и го охрабруваат.

Марко направи подвиг за паметење, откако за нешто повеќе од девет часа, во еден здив, успеа да го преплива Охридското Езеро. Тој вчера утрото во 9 часот и 30 минути тргна од Св. Наум, а на градско пристаниште во Охрид пристигна околу 18 часот и 15 минути, каде исто така , беше пречекан од многу луѓе.

Видеото на порталот OhridNews за 12 часа е прегледано повеќе од 100.000 пати.

 

Тимот на Црвениот крст од Охрид, лекарска екипа предводена од Др. Горан Балевски и OhridNews цело време го следеа и беа сведоци на единствениот подвиг на 12 годишното дете Марко Пејчиноски. Подвиг за историја. Честитки Марко!

(Фотографијата е преземена од OhridNews)