Нов скандал во Австралиско-Новозеландската епархија во црковната општина ,,Св. Димитрија во Спрингвал. Имено, пред два дена на празникот ,,Св.Георгиј“, верниците останаа пред вратите на црквата , откако свештеникот Миле Талески одби да ги отвори, бидејќи владиката Петар надлежен за оваа епархија, го разрешил стариот свештеник Глигор Киселинов, именувал нов Управен одбор и на стариот веќе му е забрането да влегува во црквата. Но, покрај членовите на стариот Управен одбор, пред вратите на црквата во овој австралиски град, останаа и други верници.

Тие повикаа полиција, која на крајот одлучи дека во црквата нема да влезе никој, ниту верниците, ниту свештеникот, сѐ додека недоразбирањето не се реши по мирен пат или на граѓански суд.

Свештеникот Миле Талески, како што пренесува ,,Фаланга“, не е пожелен во оваа црква, а ист скандал имало и во црквата ,,св.Никола“, во истата општина.

Со години траат споровите меѓу владиката Петар и црковните општини во Австралија, а и по повеќе судски спорови и стотици илјади долари потрошени за судски такси и адвокати, недоразбирањата продолжуваат.