Свислајон Таково: Сите Јувитана производи во Македонија се безбедни

Компанијата Свислајон Таково пред малку соопшти дека суперанализата за контрола за здравствена исправност на детските кашички Јувитана покажала дека производите се исправни.

Како што стои во соопштението на компанијата, Свислајон Таково извршило суперанализа на производите Јувитана кои се пласирани на пазарите во Македонија во акредитирана лабораторија во оваа земја, која покажала дека сите производи се здравствено безбедни и правилни за употреба.

Свислајон Таково исто така соопшти дека извештаите за суперанализа се доставени до Министерството за здравство на Србија и додаваат дека очекуваат извештаи од акредитирани лаборатории во земјите каде се извезуваат производите на Јувитана.

Изминатиот период фабриката на компанијата во Инѓија според здравствените власти на Србија е затворена заради неисправни производи. Во повеќе кашички и сокови за деца од производите Јувитана се пронајдени недозволени количества пестициди.