СДК:МВР ја има СМС пораката што Мицкоски ја испратил на полициски службеник за да ја прекине истрагата за теретаната

Порталот Сакам да кажам објави дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не само што му се јавил на дополнителниот помошник-министер во Одделот за внатрешна контрола во МВР, туку му пишал и СМС порака да ја прекине истрагата за снимките од посета на теретаната во време кога поради пандемијата сите беа затворени.

Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во МВР, кои не се овластени да даваат информации за јавноста, во МВР постои оваа СМС порака.

,,Внатрешната контрола не води истрага за тоа што теретаната била специјално отворена за лидерот на опозицијата наводно во време на најстрога забрана, бидејќи тоа е домен на јавна безбедност, туку за присуство на тројцата обезбедувачи од МВР во придружба на Мицкоски. Видео-снимката од празната вежбална на која се гледа Христијан Мицкоски и обезбедувањето кое носи гумени ракавици, на социјалните мрежи беше објавена на 25 април.

Според службената белешка за која синоќа заменичката-министер Славјанка Петровска вели дека МВР ја има, Мицкоски со јавување по телефон, но наводно и со смс-порака, му вршел притисок на дополнителниот помошник-министер дека не сака да го потпише извештајот со кој се затвора случајот во негова корист, без вештачење на снимкит“-пишува порталот СДК.

Извор:sdk.mk