СДК:Полицијата го приведе Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција утринава полицијата го приведе Ристо Новачевски, кум на избеганиот поранешен премиер Никола Груевски, објави порталот СДК.

Осомничен е за сторено кривично дело перење пари, со кои потоа со неколкумина, кои учествувале во делото,пиле плацеви на Водно. Како што дознава порталот, Новачевски секој момент од полицијата од секторот за организиран криминал во МВР треба да биде однесен пред судија на претходна постапка.

Извор:

sdk.mk