СДК: Куќен притвор за актерката Силвија Стојановска осомничена за меѓународна трговија со дрога

Познатата македонска актерка Силвија Стојановска е дел од осомничена меѓународна група за ѓверц со дрога.

Како што објави порталот Сакам да кажам, Стојановска и уште едно машко лице В.Б. беа изнесени во 14.40 часот пред судија на претходна постапка, Ненад Савески, кој им одреди куќен притвор на осомничените.

Неофицијално, двајцата се приведени во координирана истрага со три земји под сомневање за меѓународна трговија со дрога и незаконски меѓународни трансакции.

Овој случај го води Обвинителство за организиран криминал и корупција, бидејќи неофицијално се работи за организирана група која ги вршела криминалните дејствија, објави СДК.