СДК: Мајка со три деца позитивни на Ковид 19 вратени од скопскиот аеродром од летот за Норвешка

Аеродромските служби во Скопје во неделата спречиле четиричлено семејство да се качи на еден од двата лета за Норвешка и да ги зарази останатите патници, објави порталот Сакам да кажам.

Мајка со три деца, тестирани во приватна клиника, сите четворица позитивни на корона вирус, не ги послушале епидемиолозите да се самоизолираат и заминале на аеродромот во Скопје, но Комисијата за заразни болести ги предупредила воздухопловните власти и семејството било вратено пред да се качи во авион.

Повеќе на: