СДК: Уставниот суд ги активира амнестиите од Иванов за Груевски, Мијалков, Јанкуловска…

Уставниот суд е на чекор да ги поништи сите обвиненија, истраги и судски процеси што се поведени против поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа амнестирани од  поранешниот претседател Ѓорге Иванов на 12 април 2015 година, објави порталот СДК.МК.

Како што пишува овој портал, Следниот месец, петмина уставни судии на последната седница ги надгласале четворицата свои колеги и успеале иницијативата за преиспитување на членот 11-а од Законот за помилување, кој вели дека претседателот може да ја отповика дадената амнестија. Со иницијативата се тврди спротивното, дека не може да ја отповика еднаш дадената амнестија.

Ако помине оваа иницијатива во Уставниот суд, се активираат дадените амнестии на над 50 осомничени, обвинети, сведоци во постапките на СЈО, за кои Иванов успеа тогаш да собере податоци од тогашното обвинителство на Марко Зврлевски дека против нив се почнати постапки и ги амнестираше, пишува порталот Сакам да кажам.

Потоа тој ја повлече амнестијата, можност што му ја дава член 11-а од Законот, кој мнозинството судии имаат намера да го прогласат за неуставен и амнестијата да стапи во сила. Со тоа ќе се спасат сите обвинети и осомничени функционери за кои се води постапка.

Избеганиот експремиер Никола Груевски, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Миле Јанакиески, Горан Грујевски, Никола Бошкоски, Тони Јакимовски, Едмонд Темелко, ексградоначанилците Тони Трајковски и Владимир Талевски, потоа сите обвинети алфи во „Тортура“, Бедредин Ибраими, Мендух Тачи, судијката Светлана Костова, ексминистерот Љупчо Димовски… како и покојниот Коста Крпач, но и Жарко Луковски кој почина денеска, се меѓу амнестираните обвинети и осомничени функционери. Груевски и Јанкулоска се правосилно осудени, а Грујевски, Ибраими, Мијалков и Тачи се  првостепено осудени на затворски казни, но никој од нив не е во затвор, сите се во жалбена постапка, пишува СДК.

Извор: