СДСМ:Директорот на прилепската гимназија прави сериозно кривично дело

,,Тоа што го прават директорите на училишта, под директива на ВМРО-ДПМНЕ е кривично дело и за тоа лично се одговара!

Им укажуваме на директорите на училиштата дека е неопходно да најдат сили, да се спротивстават на ваквото разулавено однесување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа не избира ни луѓе, ни средства да ја продлабочи политичката криза, затоа што Груевски и соработниците се само заинтересирани како да се заштитат од одговорност за направените криминали.

Повикуваме веднаш да престане злоупотребата на ученици за партиски цели и уште посериозно, во протести на коишто се поттикнува и шири етничка и национална омраза“-изјави Петар Атанасов од комисија за образование на СДСМ.

 

 

,,Но директорите на училиштата мора да се свесни дека одговорност носат и оние кои се соучесници во против законските сценарија на политичарите во заминување.
Вчера директорот на прилепската гимназија, цела јавност го виде како наложува ученици да бојкотираат настава за да одат на партиски протести.
Такви случаи има и во Битола, Скопје, и во други делови на Македонија, што е недозволиво!
Насочувањето деца, малолетници, тинејџери, кон поделби, омраза, дискриминација остава трајни последици кај нив. Секој има и индивидуална одговорност тоа да не го дозволи“-изјави Атанасов.